ПРВИ ЖРТВИ ОД ТУРСКА СТРАНА ПО УДАРИТЕ НА ТУРЦИЈА ВО СИРИЈА
Деветмесечно сириско бебе и еден турски јавен службеник загинаа при минофрлачки напад извршен од сириската курдска милиција врз турскиот пограничен град Санлиурфа, соопшти кабинетот на гувернерот.
Според гувернерот, при нападите во областите Акчакале и Cејланпинар во Санлиурфа се повредени 46 луѓе.
Тоа е првата официјална потврда за жртви од турска страна.

