| |

Здружението на потомците на бегалци и доселеници од територијата на РС Македонија изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Здружението на потомците на бегалци и доселеници од територијата на РС Македонија изрази сочувство за трагедијата во Кочани. Ви го пренесуваме нивното соопштение:

„Здружението на потомците на бегалци и доселеници од територијата на Република Северна Македонија изразува сочувство по повод огромната трагедија во градот Кочани, каде над 50 млади луѓе загинаа, а уште поголем број се повредени во пожар во дискотека ноќта меѓу 15 и 16 март 2025 година.
Кочани се наоѓа во источниот дел на Северна Македонија и неговото население отсекогаш имало блиски контакти со Бугарија.
Апелираме до Владата на Република Бугарија веднаш и безусловно да го поддржи лекувањето на големиот број жртви! Во оваа прилика, со загриженост потсетуваме дека патот од бугарската страна на границата до граничниот премин Клепало, преку кој најбрзо може да се пружи помош, требаше одамна да биде изграден. Ова одложување не им служи на повиците за приближување меѓу Бугарија и Северна Македонија!
Здружението на потомците на бегалци и доселеници од територијата на Република Македонија изразува подготвеност да достави помош во рамките на своите можности.
Нека Господ да ги упокои душите на загинатите и да им даде сила на нивните најблиски и другите жртви.

КОПРЕТСЕДАТЕЛИ: проф. Трендафил Митев, доц. Спас Ташев, Илиjа Стоjановски
СЕКРЕТАР: Димитар М. Димитров

Софија, 16 март 2025 година“, стои во соопштението.

Слични Објави