ВЕРУШЕВСКИ ГИ ОБВИНИ БЕГАЛЦИТЕ ГРУЕВСКИ, ГРУЈЕВСКИ И БОШКОВСКИ ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕТО

Поранешниот шеф на УБК Зоран Верушевски при денешното вкрстеното испрашување за случајот „Таргет – Тврдина” наведе дека бегалците Никола Груевски, Горан Грујовски и Никола Бошковски несомнено поседуваат многу пообемна документација од онаа што лидерот на СДСМ Зоран Заев ја предаде во Специјалното јавно обвинителство, јавува МКД.мк.

Никола Груевски треба да биде првообвинет во случајот за нелегалното прислушување. Тој заедно со другите двајца бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски се фокусот на креацијата на документацијата, рече Зоран Верушевски во неговото денешно сведочење во Основниот кривичен суд во Скопје за случајот „Таргет-Тврдина“.