(Видео)Необјавени досега документи го потврдуваат бугарскиот карактер на Илинденското востание

///

Досега необјавени документи и фотографии поврзани со Илинденското востание ќе ги растурат митовите поврзани со него.
Ексклузивно екипа на БГНЕС прва успеа да ги види тие документи а Евгениј Еков главен експерт во Централен државен архив, на државната агенција „Архиви“ раскажува што има запишано во нив.

„Документите содржат вредна информација којашто може да ги преобрати досегашните тези на историската наука, тука мислам и на нашата, не зборувам за тоа што се говори во Скопје, бидејќи таму фалсификувањето е тотално. Тоа станува јасно и од документите“, изјави Еков.
Документите се од архивските фондови на членовите на Главниот штаб на востанието: Анастас Лозанчев, Дамјан Груев, Михаил Герџиков, архивите на МПО и архивата на ван Михајлов. Тие се поврзани со начинот на којшто е донесена одлуката за кревање на Илинденското востание во јануари 1903 година во Солун и за помошта што ја дава бугарската држава за самата подготовка на востанието.

„Основниот мит е дека востанието не е бугарско а е македонско според неговиот етнички карактер. Вториот мит е дека бугарската држава нема никакво учество во неговата подготовка и кревање. Третиот мит е дека станува збор за две востанија, Илинденско на Македонците и Преображенско на Тракијците. Четвртиот мит е дека Бугарија не обрнува внимание на последиците од тоа востание кое што не одговара на вистината“, подвлекува Еков.

„Еден од документите ја докажува директната врска меѓу бугарската држава и донесувањето на одлуката за кревање на востанието. Во рапорт на трговското агентство на Кнежевството Бугарија во Сер, пишува дека министерот на војната на Кнежевство Бугарија, генерал Стефан Паприков, ветува помош за востаниците од страна на неговото министерство. Од друго писмо станува јасно дека личниот аѓутант на генерал Паприков, капитан Червењаков, со писмо од генералот Паприков оди во Бургас, ги отвора складовите и им дава на востаниците 200 пушки „Бердана“ со 60 000 патрони и пушки „Манлихер“ со 6000 патрони“, вели Еков и подвлекува дека со ова оружје е вооружено јадрото на Одринскиот револуционерен округ.



Поради потегот со вооружувањето на востаниците, генералот Паприков е принуден да си поднесе оставка.

Во востанието учествуваат 20 000 луѓе од кои речиси половина го губат својот живот во текот на борбите. По крајот на востанието 30 000 луѓе од Македонија и Одринско бараат спас во Бугарија а од документите станува јасно дека лично мајката на бугарскиот кнез Фердинанд, принцезата Клементина Бурбон- Орлеанска го финансира пречекот и сместувањето на бегалците.

Погледнете повеќе во видеото што следи:

Претходна статија

Портокалова фаза и денеска со температури до 43 степени

Следна статија

МОН: Oд денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк, ова се условите

Најново од Вести