СПОРЕД НАУЧНИЦИ ОД САД АСПИРИНОТ МОЖЕ ДА БИДЕ СМРТОНОСЕН

Истакнато Магазин Убавина&Здравје

Истражувачи од САД предупредуваат за смртоносен ризик од употребата на аспиринот, дури и во мали дози, објави CNN.

Американскиот колеџ за кардиологија и Американската асоцијација за срце анализирале податоци од 13 студии во кои земале учество повеќе од 130.000 лица на возраст од 42 до 74 години без срцеви заболувања и без преживеан мозочен удар, а користеле аспирин за да ги спречат овие состојби.

По завршувањето на студијата, научниците известуваат дека аспиринот не треба да се препорачува како превентивен лек за стари лица кои немаат висок ризик од срцеви заболувања, иако досега таа терапија била препорачувана од кардиолозите.

Во новите истражувања научниците дошле до заклучок дека секојдневната употреба на аспирин дури и во мали дози е е губење на пари, што може да доведе до внатрешно крварење и рана смрт.

“Дневната доза аспирин, за превенција на кардиоваскуларни заболувања и мозочен удар е поврзана со зголемен ризик од мозочно крварење кај луѓе без анамнеза за слични состојби”, забележуваат научниците.

Излегува дека во сите студии аспиринот конечно се асоцира со зголемен ризик од крварење во мозокот.

“Аспиринот треба да се препишува на лица без кардиоваскуларни заболувања. Многу поважно е да се оптимизира начинот на живот и контролата на крвниот притисок и холестеролот “, вели кардиологот Роџер Блументал, ко-автор на студијата.