| |

БРАВО ТАМАРА! НÈ НАПРАВИ ГОРДИ!

Македонската пејачка Тамара Тодевска со песната „Proud“ (Горда), се пласира во големото финале на изборот за песна на Евровизија, што оваа година се одржува во Тел Авив, Израел.

Тамара имаше моќна и впечатлива изведба со која, конечно, по повеќегодишна пауза, Македонија се пласира во едно финале на Евровизија.

Покрај Македонија, пласман во финалето на втората полуфинална вечер на Евровизија обезбедија уште и: Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта

Финалето на Евровизија ќе се одржи во сабота, 18 мај.

Честитки за Тамара и нејзиниот тим! 

Слични Објави