ШУ ПРАИМЕ ЗА ВАКЦИНИТЕ И ЕПИДЕМИЈАТА?

Во очекување нашата Влада да даде одговор дали невакцинираните деца ќе одат на училиште, ни помина рокот за упис на првоодделенчиња. Никој нема компетентен да одговори што ќе правиме со нив и со оние постарите до крајот на оваа и на почетокот на новата учебна година. Ќе се кршат копјата дали ќе биде претежен интерес јавното здравје или пак образованието на идните генерации.

Сега за сега ни Филипче ни Адеми не даваат одговор кој ќе биде законот што ќе биде погазен. Граѓанско Демократска Унија како партија на граѓаните има јасно дефиниран став дека нашите граѓани ни се на прво место. Ние за тоа не преговараме и немаме друга опција. Се грижиме нашите граѓани да го добиваат заслуженото и по можност најдоброто. Сега во тоа име и реагираме! Господа, ова така не оди! Епидемијата на морбили веќе неколку месеци си трае, а нашата Влада мува не ја лази.

Секој си излегува со изјави од својот ресор, но без синхронизирани ставови на Владата. Луѓе, народот не е за играње. Народот ве постави на местата на кои сте сега и тие не ви се ниту наследни од татковците, ниту пак стекнати со истакнато знаење, па да сте незаменливи. Кога ќе „закочите“ на прва поголема пречка, не сте вие „играчи“ за големи натпревари. Отстапете го местото на оние кои имаат храброст и доблест да ги решаваат проблемите. А не само да чекате времето да го стори она за кое вие сте платени. Да не го чекаме ветерот повторно. Како за ПМ10 честичките, сега за вирусите и бактериите, тој да ни биде спас.

Здравје на игла не влегува. Превенцијата му е мајката. Но, вие не предвидувате, не антиципирате. Само слепо пратите и реагирате post actum. И новиот скандал во Собранието со употребата на „бело“ јасно навестува дека имате многу „надрилекари“ во поставата. Здравјето пред се!

Автор: Перица Спасовски, претседател на ГДУ- Куманово