СОФИЈА ВЕРГАРА ДАМА КОЈА НЕМА ВКУС ЗА ОБЛЕКУВАЊЕ

Софија Вергара е една од најплатените телевизиски актерки во светот, но понекогаш се чини дека е скарана со модата.

На претставувањето на 11-тата сезона од серијата „Модерно семејство”, Софија се појави во жолт фустан што ја истакнуваше нејзината фигура, но убавиот изглед го расипаа нејзините чевли на платформа, кои со години не се во мода.

Се чини дека атрактивната 46-годишна актерка не ја интересираат трендовите во модата, бидејќи таа е голем љубител на чевли со платформа.

Се разбира, таа веднаш беше нападната од модните „експерти”, па затоа светските медиуми ја карактеризираа како дама која нема вкус за облекување.

Извор: Макфакс