Европската ноќ на научниците ќе се одржи на 25 и 26 септември во Бугарија
Европската ноќ на научниците ќе се одржи на 25 и 26 септември 2026 година во Бугарија, по 19-ти пат, со настани во повеќе градови и со учество на научници од различни области, јавува Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Официјалното отворање ќе биде на 25 септември во 18 часот во Центарот за врвни достигнувања УНИТе во Софија. Форумот ќе го отвори ректорката на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, проф. Елиза Стефанова, а по повод 30 години од програмата „Марија Склодовска-Кири“ ќе биде прикажано видеообраќање на европската комесарка Екатерина Захариева.
Мотото на годинашното издание е „Науката и иновациите се клуч кон посакуваната иднина“, со акцент на улогата на науката и иновациите во преминот кон зелена и дигитална економија.
Во програмата ќе бидат претставени научни проекти и истражувања на Софискиот универзитет и неговите партнери, а посетителите ќе можат да учествуваат во дискусии, демонстрации и други научно-популарни активности.
Настани се предвидени во Софија, Пловдив, Стара Загора, Русе, Бургас, Хасково, Јамбол, Силистра, Видин и Разград, како и во Тараклија во Молдавија.

