Во Касел, Германија по повеќе од 10 години повторно беше отслужена литургија на бугарски јазик
Во германскиот град Касел на 19 септември беше отслужена првата Божествена литургија на бугарски јазик по повеќе од десет години, со што беше означен почетокот на нова бугарска православна црковна мисија под духовно покровителство на Свети Паисиј Хилендарски, соопшти Бугарската православна црковна општина „Св. великомаченичка Варвара“ во Лајпциг, пренесува БТА.
Богослужбата беше одржана со благослов на Западно- и Средноевропскиот митрополит Антониј, а на неа присуствуваа бугарски православни христијани и семејства од Касел и околината.
Во почетната фаза мисијата административно и духовно ќе биде поддржувана од црковната општина во Лајпциг и од свештеникот Димитар Иванов. Предвидено е богослужби во Касел да се одржуваат еднаш месечно.
По литургијата биле разгледани и следните организациски чекори за развој на новата црковна мисија.

