| |

Меѓународен детски и младински медиумски арт фестивал „Арлекин“ 2023 година

Извршната агенција за Бугарите во странство ќе биде дел од фестивалот,,Арлекин” , настан што го поддржува од самиот негов почеток.

Фестивалот нуди различни категории и секоја година привлекува учесници од цела Бугарија и припадници на бугарските заедници во странство кои имаат афинитети кон филмската уметност и музиката.

Фестивалот за детско и младинско медиско искуство ,,Арлекин” дава можност на деца и младинци до 29 години да земат учество во него со фотографии, филмови, клипови, анимација, You Tube канали и презентации. Конкурсот има за цел да ја стимулира детската и младинската фантазија за творештво, за креирање на телевизиски емисии, репортажи, музичка емисија, рекламни спотови, детска серија, спортска емисија, вести, интернет медиуми и радио емисии од сите жанрови.
Годинава темата е слободна а мотото на фестивалот е ,, Светот во моите очи “. Ќе има можност да се гласа за продукција од цел свет.

Организаторите на фестивалот се ангажираат да ги испратат најдобрите творби до другите народни фестивали, а тимот ги очекува талентираните бугарски деца и младинци без разлика каде живеат.

Сите што сакаат да се вклучат во фестивалот можат да ги испратат своите проекти на email: [email protected].

Првиот дел на фестивалот,, Киното, мојата љубов, мојата песна” помина повеќе од успешно а жирито беше раководено од познатиот бугарски пејач и музичар Етиен Леви.
Во конкурсната програма учествуваа деца од бугарските заедници во Украина и Турција.

Годинава вториот дел од фестивалот ќе се одржи во периодот од 23-26 јуни во градот Варна. Организаторите нудат посебни цени за престој во рамките на фестивалот. Истите можете да ги видите на следниот линк.

Слични Објави