| |

ДИМИТРИЕВСКИ: БАРАМЕ 14 ДНЕВЕН КАРАНТИН ЗА КУМАНОВО

Општинскиот кризен штаб на Куманово бара воведување карантин, информираше денеска на прес-конференција кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, пренесува Фокус.

Куманово денеска има нови 23 позитивни случаи на корона вирус и двајца починати. Вкупно досега има 224 позитивни лица и 12 починати, информираше Димитриевски. Во оваа статистика вклучени се и случаите во општина Липково.

Тој изрази сочувство до семејствата на починатите и рече дека Куманово нуди поддршка за заболените лица.

„Предлагаме 14-дневен контролиран карантин во Куманово и воведување кризна состојба на територијата на општината, затворање на влезовите и излезите во градот, олеснувања само на лица кои вршат професионални задачи кои со посебна дозвола би го напуштале и би се враќале во градот под посебни услови“, рече  Димитриевски на прес-конференцијата.

Слични Објави