Боледувањето кое специјална јавна обвинителка Катица Јанева го отворила било од матичен лекар за 15 дена, а не за 30, велат од СЈО за Плусинфо.
Јанева отвори боледување на 16 јули, ден откако ја објави својата одложена оставка и откако беше отворена истрагата за случајот „Рекет“. Истото, сама го прекина на осмиот ден, на 23 јули, кога се врати на работа и првпат се појави во јавност по избивањето на аферата.
Потсетуваме дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на својот facebook профил објави фотографија на која се гледа дека боледувањето е во период од 30 дена, односно од 16 јули до 15 август.