Николов: Нема да се конфронтираме со РС Македонија, но тоа не значи дека нема да опстоиме на нашиот национален интерес

/

Кандидатот за премиер на Бугарија Пламен Николов, предложен од партијата „Има таков народ“, којашто освои најмногу гласови на парламентарните избори, синоќа во гостувањето на бугарската национална телевизија БНТ, во одговор на прашањето дали ќе ја задржи досегашната позиција на Софија кон С Македонија, рече дека ако формираат Влада, нема да водат политика на конфронтација.

– На никаков начин нема да ги загрижуваме своите браќа и нема да ги лишиме од можноста за нивна европска иднина на некаков насилен начин, или на начин кој се применува од други балкански држави. Но ова не значи дека нема да опстоиме на нашиот национален интерес. Како точно ќе го направиме тоа, можеби со ревизија на Договорот или со негово преразгледување. Со сигурност нема да биде насока на конфронтација, рече Николов.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Се очекуваат нови соеви на ковид-19! – Филипче: Ризиците од вирусот ќе продолжат и понатаму

Следна статија

Портокалова фаза и денеска со температури до 43 степени

Најново од Вести