Независен: Реакција на грчкото МНР: Флагрантно кршење на Преспанскиот договор
Министерството за надворешни работи остро реагираше на изостувањето на зборот северна при заклетвата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, наведувајќи дека тоа е „флагрантно кршење на Договорот од Преспа“ и дека се доведува во прашање развојот на билатералните односи и напредокот на Македонија кон ЕУ.
Во реакцијата на министерството се вели:
„За време на денешната свечена заклетва во Собранието, и покрај тоа што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше прочитана, земјата се нарекува ‘Северна Македонија’, новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова избра својата земја да ја нарече ‘Македонија’.
Овој чин е флагрантно кршење на Договорот од Преспа и Уставот на нашата соседна земја, кој е усогласен со меѓународните обврски на Северна Македонија. И покрај приговорите што ги искажа како опозициска партија при ратификацијата на Договорот од Преспа, актуелната грчка влада како ратификуван го почитуваше меѓународниот договор, кој преовладува над секоја друга законска одредба.
Целиот напис прочитајте го овде.

