|

Тројца прилепчани запалиле возило со бугарски таблици

Вчера во 23.50 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(38), Ј.Ф.(27), П.С.(31), сите од Прилеп, информираат од МВР.

Тие се сомничат дека околу 22.00 часот предизвикале пожар во патничко возило „киа венга“ со бугарски национални ознаки, сопственост од Т.Н.(48) од Прилеп, паркирано на ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични Објави