|

ИТАЛИЈАНСКИ МАФИЈАШИ ЗЕМАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ

Преку стотина мафијаши, членови на калабриската мафија Ндрангета, побарале и примале социјална помош наменета за најсиромашните Италијанци која сега ќе мора да ја вратат, објави денес италијанската полиција.

Меѓу корисниците на помошта која изнесува 780 евра месечно, е и Алесандро Панунци, синот на „италијанскиот Пабло Ескобар“ Роберто Панунци, се наведува во соопштението.

Роберто Панунци „италијанските и американските инспектори го сметаат за најважниот светски „брокер“ на кокаин кој се фали дека не ги брои парите, туку ги мери на вага“.

Алесандро Панунци, пак, е сопруг на ќерката на еден од главните колумбиски произведувачи на кокаин, прецизира полицијата.

Слични Објави