|

Киев нападнат со дронови во текот на ноќта, нема жртви

Украинските сили во текот на ноќта собориле десетина руски беспилотни летала во регионот на Киев, соопшти управата на градот.

Како што објавија властите во Киев на Телеграм, станува збор за ирански камиказа-дронови Шахед.

Во различни делови на градот се слушнале експлозии.

Отпадоци од дрон паднаа во пет различни делови на градот, оштетени се некои згради, а две лица се хоспитализирани со рани од шрапнели.

Слични Објави