НА МЕРКО НЕ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА РЕАКЦИИТЕ ЗА ДИВОГРАДБИТЕ ВО СТРУГА

/

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека не му е гајле за реакциите на јавноста и на невладините организации за новите дивоградби во Струга.

„Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, „нас баш не брига“ – изјави Мерко за медиуми.

Градоначалникот на Струга не го прифаќа предлогот на Антикорупциската комисија надлежноста за уривање на дивоградбите да биде префрлена на владата и тврди дека сѐ што е изградено во Струга е легално.



Мерко е дециден дека нема закон со кој што владата може да му ги одземе надлежностите во делот за справувањето со дивоградбите.



Претходна статија

ИТАЛИЈАНСКИ МАФИЈАШИ ЗЕМАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ

Следна статија

НИКОЛОСКИ ТВРДИ ДЕКА ИМА ДОКАЗИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЛУЃЕ ОД ВРВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Најново од Вести