10-КА ЗА КАРПОШ

//

Завршната манифестација од проектот „Десетка за Карпош“ кој во повеќе фази се реализираше изминативе четири месеци ќе се одржи в четврток, (07.06.2018), со почеток во 19.00 часот, во Македонската опера и балет. Проектот ги промовира и афирмира активностите и проектите на сите десет училишта на теритирија на Општина Карпош со што во фокусот е ставен профилот на наставникот во соработка со учениците и родителите. Во рамките на проектот, наставниците од сите десет карпошови основни училишта се натпреваруваат во четири категории и тоа :најуспешен проект, најдобра сторија, најубаво уреден училишен простор и наставниците на сцена.

Последната категорија, всушност го отсликува целокупниот проект и ќе претставува оригинално училишно шоу во кое ќе настапуваат триесетина наставници и преку 400 ученици, а во некои точки и родители со специјално подготвени музичко-сценски перформанси. На сцената ќе видиме наставници по математика, физичко, ликовно, информатика, биологија, одделенски наставници во улога на артисти со изведба на познати мјузикли како Мама миа, Брилјантин, потоа Коштана, познати евергрини, поп, рок, етно изведби, авторски драмски дела и сл.



На манифестацијата ќе бидат доделени наградите за наставниците, а градоначалникот Стефан Богоев свечено ќе ги прогласи и првенците на генерација од секое училиште. Проектот е поддржан од Општина Карпош, одобрен од Советот на локалната самоуправа, а подносител е Друштвото за филмска и маркетинг продукција „Фабрика продукција“.

Претходна статија

ФИФА РАНГ ЛИСТА: МАКЕДОНИЈА СО НАЈДОБАР ПЛАСМАН ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ

Следна статија

ОСМАНИ: ПОТРЕБНО Е ДА СТОРИМЕ СЀ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ТРГОВСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ЕУ

Најново од Вести