ОСМАНИ: ПОТРЕБНО Е ДА СТОРИМЕ СЀ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ТРГОВСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ЕУ

//

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со Министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на дводневната посета работна посета на Брисел остварија средба со Комесарката за трговија, Сесилија Малстром.

Главна тема на средбата беа трговските односи меѓу Република Македонија и Европската Унија, вклучително и новите предизвици во глобалните трговски односи. Познато е дека, како резултат на успешната имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, трговските односи меѓу Македонија и ЕУ се на многу високо ниво и трговската размена на земјата е силно ЕУ ориентирана.

На состанокот се отвори и темата за трговијата со челик, и во тој контекст Османи истакна дека, „Индустријата за челик претставува еден од столбовите на нашата економија, и евентуалните реперкусии од оваа криза на нашите билатерални трговски односи би можеле да имаат последици и по севкупниот економски развој на земјата“. Османи и Бектеши изразија надеж дека Унијата ќе ги има предвид сите овие елементи и согласно духот на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, евентуалните мерки за заштита на европската економија ќе бидат во согласност и со веќе воспоставените децениски односи помеѓу Македонија и ЕУ.



„Имаме искрена благодарност за огромните напори и инвестиции кои ги вложува Европската Унија за трансформација и усогласување на економијата на Република Македонија со онаа на Унијата, и со оглед на позитивниот развој на интегративните процеси во земјата, очекувам оваа соработка да се продлабочи“, истакна Османи, цитирајќи го притоа Извештајот на Европската комисија, во кој, според економските критериуми, Македонија доби највисока оценка за усогласеност со економијата на Унијата, во споредба со останатите земји до Западниот Балкан.

Средбата на Османи и Бектеши со еврокомесарката за трговија, Сесилија Малстром се одржува во рамките на официјалната работна посета на Брисел, каде Османи оствари средба и со Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, како и со бројни други високи претставници на европската администрација.
На агендата на Османи во рамките на работната посета на Брисел, следува и обраќање за европските интеграции на Македонија пред дипломатските претставници како и претставниците на граѓанскиот сектор во Брисел, во организација на фондација Ханс Зајдл.

Претходна статија

10-КА ЗА КАРПОШ

Следна статија

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ НА МАКЕДОНСКИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ФОРУМ: СОЗДАВАМЕ СТАБИЛЕН ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ И ГО ЗГОЛЕМУВАМЕ ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА

Најново од Вести