| |

(ВИДЕО) АНГЕЛ ДИМИТРОВ: ИМАМЕ ОДРЕДЕНИ РАЗЛИКИ СО НАШИТЕ КОЛЕГИ ОД МАКЕДОНИЈА, НО И МНОГУ НЕШТА ШТО НЕ ПОВРЗУВААТ

Поранешниот амбасадор на Република Бугарија во Македонија Ангел Димитров, кој е актуелен претседател на бугарската страна од Заедничката бугарско-македонска комисија за историја изјави дека засега работата на Комисијата се одвива во добар ред со интересни и динамични дискусии. Димитров истакна дека во моментот се разгледуваат учебниците по историја за основно образование и таму во делот за средновековната историја има одредени разлики во толкувањето на фактите, но имало и нешта за кои научниците од бугарска и македонска страна изградиле заеднички став. Димитров додаде дека очекува многу повеќе разлики да се појават кога Комисијата ќе почне да ги разгледува учебниците за поновата историја. Погледнете го целото видео од гостувањето на Ангел Димитров во бугарската телевизија БТВ.



Слични Објави