ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА НИКОЛА ДИМИТРОВ СО АМБАСАДОРКАТА НА АВСТРАЛИЈА, ЏУЛИЈА ФИНИ

//

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска, во проштална средба ја прими Џулија Фини, вонреден и ополномоштен  амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград.

Изразувајќи задоволството од плодниот ангажман на амбасадорката Фини во изминатите четири и пол години, министерот Димитров ѝ врачи благодарница за нејзиниот придонес во  промовирањето и збогатувањето на пријателството и соработката меѓу двете држави.

Димитров и Фини се согласија дека политичките односи меѓу двете земји во изминатиот период бележат постојан нагорен тренд. Оваа година дополнително ja одбележа и посетата на министерката за надворешни работи Џули Бишоп на Република Македонија, која даде значаен импулс за билатералната и мултилатералната соработка на двете земји.



Амбасадорката Фини упати честитки за постигнувањата на Република Македонија на планот на европските и евро-атлантските интеграции.

Претходна статија

ЗАЕВ: ПРО-РУСКИ БИЗНИСМЕНИ СПОНЗОРИРААТ НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Следна статија

КОЈА БОЈА Е ВАШАТА АУРА СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК

Најново од Вести