ЗАЕВ: ПРО-РУСКИ БИЗНИСМЕНИ СПОНЗОРИРААТ НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Премиерот Заев во интервју за BuzzFeed изјавил дека про-руски бизнисмени се обидуваат да го спречат влезот на Македонија во НАТО.
Заев рекол дека неговата влада добила повеќе извештаи дека „грчките бизнисмени” кои “се приврзаници на руската кауза” им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство” пред клучниот референдум оваа година, кој ќе утврди дали земјава ќе се приклучи на воениот сојуз.
Заев не открил имиња но навел дека полицијата дознала за плаќањата откако биле притворени неколку учесници во насилните протести пред парламентот во јуни.

