Струмичката општина Ново Село доби дежурна служба за итна медицинска помош
Службата за итна медицинска помош од Струмица отвори дежурна служба во општина Ново Село, со цел жителите од оваа погранична средина да не мораат да патуваат по околу 40 километри во еден правец за итни случаи.
Новата служба ќе работи секојдневно од 19 часот навечер до 7 часот наутро, а наскоро ќе биде кадровски доекипирана.
Директорот Манчев истакнува дека службата во моментов реализира „секоjдневно по околу стотина интервенции, што во амбуланта, што како домашни посети и итни повици и случаи“, но дека сè уште недостигаат медицински тимови.
Просториите за итна медицинска помош и домашни посети неодамна беа целосно реновирани. Меѓутоа, покрај медицинскиот персонал, недостигаат и амбулантни возила.
