| |

Одбележуваме 71 година од убиството на петте струмички студенти

Пред 71 година во селото Дорломбос се убиени петте струмички студенти, ѕверски акт извршен без суд и пресуда од страна на комунистичката власт во СР Македонија.

Убиени се Борис Белев на 22 години, студент по физика, Стево Топчев на 19 г., студент по право, Георги Костуранов на 21 г, студент по медицина, Георги Јар’мов на 22 г, студент по геологија и Мирко Пецев на 23 г, студент по право.

Мирко Пецев, Георги Јар’мов и Стево Топчев биле осудени во 1946 г, како ванчомихајловисти и за антикомунистичка деjност. Мирко Пецев лежел 3 години во Идризово, Георги Јар’мов лежел 2 години, а Стево Топчев лежел 5 години исто така во Идризово.

Семејствата на убиените студенти им подигнале споменик од бел мермер во вид на отворена книга, но и тоа им пречело на комунистите и го урнале. Вечна им памет на петте струмички студенти.



Слични Објави