|

МВР и ДКСК потпишаа договор за соработка и размена на податоци во електронска форма

Денеска, (14.10.2022), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма и Меморандумот за соработка со кој се уредува начинот на соработка, координацијата и имплементацијата на заеднички договорените активности, заради претходно утврдена цел – унапредување на системот на заштита на укажувачите, како ефективна алатка во борбата против корупцијата.

Со договорот за размена на податоци, Министерството за внатрешни работи ќе и овозможи на ДКСК да добива податоците во електронска форма преку веб сервиси и да ги обработува истите во однапред определена структуирана електронска форма, во реално време во најкраток можен рок. Електронската размена на податоците ќе се реализира преку Националната платформа за интероперабилност, на која и двете институции се поврзани и во согласност со прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

За таа цел од страна на Одделот за информатика и телекомуникации при Министерството за внатрешни работи се изработени следните три веб сервиси:
1.Сервис за преземање и проверка на лични податоци од Регистарот за лични документи
2.Сервис за преземање и проверка на податоци од евиденцијата за подвижен имот -моторни возила регистрирани во земјата, сопственост на физички и на правни лица-
3. Сервис за преземање и проверка на податоци од регистрите за оружје кои се водат во МВР.

-Потпишувањето на договорот претставува чекор напред во дигитализација на процесите и дигиталната трансформација, а истовремено ќе овозможи зголемување на ефикасноста и ефективноста на ДКСК во спроведување на нејзините законските надлежности.

Во поглед на Меморандумот за соработка предвидено е двете институции да соработуваат на темата на заштитено пријавување, во насока на олеснување и подобрување на процесот на заштитено пријавување во Република Северна Македонија, во согласност во надлежностите кои им се утврдени со Закон за заштита на укажувачите.

ДКСК го иницира потпишувањето на Меморандумот, а со цел овозможување за користење на софтверското решение за унапредување на процесот на заштита на укажувачите од страна на овластено лице за прием на пријави за укажувачи во МВР.

Со користењето на софтверското решение ќе се овозможи мрежна поврзаност на лицата овластени за прием на пријави од укажувачи од сите органи на државна управа и институции, а токму ова софтверското решение претставува дополнителна ефективна алатка во борбата против корупцијата.

На чинот на потпишување, обострано беше искажано задоволството од унпредувањето на соработката помеѓу двете инститцуии, која и досега беше на високо ниво. Беше заклучено дека со потпишувањето на горенаведените акти и користењето на дигиталните алатки ќе се овозможи интензивирање на соработката во насока на остварување на заедничка цел борба против корупцијата и владеење на правото, соопштија од МВР.

Слични Објави