УАПСЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА КОКАИН ВО ТЕТОВСКО

//

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово нoќва околу 1:45 часот во тетовско Жеровјане ги лишиле од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово.

При нивен и преглед на возилото „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е кокаин.

МВР денеска соопшти дека двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Околу 4:25 часот, пак, во тетовско Боговиње запрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Е.Х, а во кое се наоѓал и 29-годишниот А.Ш, двајцата од гостиварското село Добридол.



При преглед, извршен од полициските службеници на СВР Тетово, пронајден им е кокаин, поради што двајцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.



Претходна статија

ОБВИНИТЕЛЕН АКТ ЗА ЧЕТВОРИЦА ПРИПАДНИЦИ НА УБК ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ПОВЕЌЕ ОД 50 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Следна статија

ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО „ЛАДА“ ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТ И УДРИЛЕ ВО ЅИД

Најново од Вести