ТРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО „ЛАДА“ ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТ И УДРИЛЕ ВО ЅИД
Три лица се повредени, меѓу кои малолетник откако “Лада“ со штипски регистарски ознаки, управувана од Н.Ј.(41) од Радовиш, излетала од коловозот и удрила во ѕид.
Несреќата се случила вчера во 18 часот на раскрсницата од булеварот „Александар Македонски“ со улицата “Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатначката Н.Ј.(38) од Радовиш, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник-малолетник кои биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.