| |

НА КРАЈ НА МЕСЕЦОВ ИСТЕКНУВА РОКОТ ЗА ГОДИШНАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА

На 1.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани. Годишната даночна пријава која граѓанинот ја корегирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година, велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а сѐ уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, да го сторат тоа во најкраток можен рок.

Слични Објави