ОЈО СКОПЈЕ ПОДНЕСЕ КАЗНЕНИ НАЛОЗИ ПРОТИВ 23 ЛИЦА
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје.
– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации, информираат од Обвинителство.
