Наместо патетика за 8 Септември: Конфискација на нелегален имот по Закон
Ивон Величковски
Нашите родители пред 35 години создадоа независна држава.
Ние и нашите деца мора да ја средиме.
Така што ќе ги конфискуваме и вратиме нелегалните имоти и пари.
Со закон и борба да ја разбиеме партиско-тајкунската мафија што не’ краде и уништува 35 години.
Да се потсетиме: “Бит Пазар”, “ТАТ”, “Гостивар/Тетово” 1997, Конфликт 2001, антиквизација и “Скопје 2014”, “Дурмо турс” / “Ласкарци”, “Модуларна болница”, “Пулс”…
Секое вртење на главата на страна – ни се удира од глава.
Студенти и средношколци, претприемачи, лекари, адвокати, земјоделци, војници и полицајци, наставници и професори, независни активисти…
Заедно да ги поразиме – за да победи секој од нас. За Северна Македонија да биде наша и нашите пари да одат за наши потреби наместо за нивно богатење “на тендер”.
Или тие или ние.
Изборот е лично Ваш и заеднички наш.
Честит Ден на независноста!
Да живее Република Северна Македонија!
П.С. Ова целно го објавуваме на 7 септември – ден пред “преџваканите” говори во кои флоскулите треба да ги потиснат решенијата.

