| |

Легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков специјален гостин на меѓународниот спортски симпозиум „Simposar Sarajevo 2025“

Легендарниот бугарски фудбалер и добитник на „Златната топка“ во 1994 година, Христо Стоичков, ќе биде специјален гостин на Меѓународниот спортски симпозиум „Simposar Sarajevo 2025“, јавува БТА.

Овoj голем спортски и бизнис настан ќе обедини спортски легенди, водечки инвеститори и светски медиуми.

Свечената церемонија на отворањето е закажана за 26 септември во 19:00 часот, кога ќе бидат доделени награди на спортски легенди. Во програмата се предвидени панели и дискусии со фудбалски и кошаркарски легенди од Европа и светот, како и VIP средби за воспоставување контакти меѓу спортот и бизнисот со учесници од повеќе од 15 држави.



Слични Објави