| |

Марта Кос: Земјите од Западен Балкан мора да покажат доследност во владеењето на правото

Европската унија и понатаму изразува загриженост во однос на владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако е забележлив напредок на ова поле, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по одржаниот Совет за општи работи во Брисел, кој беше посветен на оваа тема.

Според неа, европската перспектива на Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во голема мера ќе зависи од тоа колку доследно ќе се применуваат реформите поврзани со владеењето на правото.

На состанокот присуствуваше и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, кој истакна дека последниот извештај за Северна Македонија потврдува значителен напредок, но и дека остануваат предизвици што мора да се решаваат без одлагање.



Слични Објави