| |

Јапонија бара бугарски специјалисти во сферата на информатичките технологии и експерти за нуклеарна енергија

Јапонија е подготвена да работи со бугарски ИТ специјалисти и експерти за нуклеарна енергија. Ова стана јасно за време на вчерашната средба на министерот за образование и наука на Бугарија, проф. Галин Цоков, и делегација од Универзитетот Токаи, предводена од претседателот на одборот на доверители на универзитетот, проф. д-р Кијоши Амада, јавува бугарското Министерство за образование и наука.

Проф. д-р Амада рече дека го контактирал министерот за трговија и индустрија на Јапонија, Јасутоши Нишимура, кој ја посети Бугарија во мај оваа година и беше гостин на Институтот INSAIT на Универзитетот во Софија. Министерот Нишимура истакнал дека во Бугарија се посветува многу сериозно внимание на обуката и развојот на ИТ специјалисти. Затоа побарал помош од Универзитетот Токаи за размена на искуства и работа со такви експерти од Бугарија.

Проф. Цоков се обврза да помогне во воспоставувањето контакти меѓу Јапонија и бугарските високообразовни институции кои нудат образование од областа на високите технологии. Тој иницираше и средба на делегацијата од Универзитетот Токаи со претставници на Институтот INSAIT во „Св. Климент Охридски“. Министерот предложи да се работи на заеднички програми за обука, како и размена на студенти по ИТ специјалности.

Проф. Амада исто така сподели дека Јапонија има потреба од специјалисти во областа на нуклеарната енергија. Такви во Бугарија се подготвуваат на Техничкиот универзитет во Софија и на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ а ќе се бараат и контакти за размена на искуства и информации.



Слични Објави