МНР на Бугарија: 96 лица со бугарски и израелски државјанства слетаа успешно во Софија по лет од Тел Авив со владиниот авион
Деведесет и шест лица, повеќето со бугарско државјанство, плус неколку државјани на Израел слетаа успешно во Софија околу 01:00 часот по полноќ со владиниот авион Ербас од Тел Авив, информира Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
На аеродромот, како и на претходните 3 лета, луѓето беа пречекани од вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел.
„Бугарија беше првата земја која им помогна на Бугарите на кои им беше потребна помош да се вратат дома. Се водиме од две работи – грижа за нашите сонародници и координирани акции“, изјави неколку часа претходно во Народното собрание, министерката Габриел.
Марија Габриел и министерот за транспорт и врски на Бугарија Георги Гвоздејков дадоа заедничка изјава и истакнаа дека работат во целосна координација на нивните активности. „Од првиот ден кажавме дека владиниот авион ќе врши летови онолку долго колку што е можно и додека тоа им е потребно на нашите сонародници“, категорично изјави Марија Габриел.

