ПРИВАТНИТЕ СТОМАТОЛОЗИ БАРААТ ПОВИСОКА КАПИТАЦИЈА

/

Стоматолозите алармираат за зголемените трошоци за заштитна опрема согласно протоколите за работа со цел превенција од ризиците од Ковид-19. Тие велат дека капитацијата од 48 денари не ја вклучуваат и дополнителната опрема и дека потребно е итно отпочнување на преговори со ФЗО, бидејќи како што велат, во овој момент моделите се нефункционални и се на штета на пациентите и докторите по стоматологија.

„Стоматологијата се наоѓа на врвот како една од најризичните професии во време на пандемијата, поради работа каде има можност за зараза од аеросоли поради работа на растојание помало од половина метар. Ризикот за докторите, вработените, нивните семејства, но пред се за пациентите, во услови на Ковид 19 е голем“, велат здруженијата на приватни стоматолози.

Тие наведуваат дека сега во стоматолошките ординации потребна е нова вонстандардна опрема за лична заштита и дека е намален приемот на пациенти што допринесува за зголемување на цената на услугата од 500-1.500 денари.



„Зголемени се цените и на материјалите и на средствата за дезинфекција, а исто така ограничени се и стоматолошките интервенции кои можат да се пружат на пациентите. Намален е приемот на пациенти заради почитување на мерките и протоколите и сето ова допринесува за зголемување на цената на услуга од 500-1.500 денари зависно од интервенцијата“, се наведува во соопштението на Групацијата за приватно здравство при Сојузот на стопански комори, Здружение на доктори специјалисти концесионери од специјалистичко-консултативна стоматолошка здравствена заштита и Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина.

Претходна статија

ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ВО ГРЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ПОЧНЕ НА 15 ЈУНИ

Следна статија

РЕКОРДНИ 20.000 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ЗА ЕДЕН ДЕН ВО БРАЗИЛ

Најново од Вести