|

Инцидент во центарот на Лондон: Се забил со автомобил во портата на Бакинегемската палата

Возач е уапсен откако со својот автомобил удрил во портите на Бакингемската палата. Вооружена полиција го опколила клекнатиот возач и извикувала: „Стави ги рацете на глава!“, опиша Сан.

Возилото удрило во главната влезна капија на кралската резиденција во Вестминстер, во центарот на Лондон.

Сведок на инцидентот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека ја гледал сцената околу 2.30 часот во саботата, откако слушнал „силен тресок“.

“Слушнав силен тресок, погледнав и автомобилот удри во Бакингемската палата. Полицијата беше на местото на настанот многу брзо – го извлекоа човекот и го уапсија”, рекол тој.

Полицијата соопшти дека во инцидентот нема повредени. „Вооружени службеници на лице место уапсиле маж поради сомнение дека сторил кривично дело и истиот е пренесен во болница“, соопштија од полицијата.

Слични Објави