„РОЈТЕРС“: ШВЕДСКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕДУМ ДЕНА Е СО НАЈВИСОКА СТАПКА НА СМРТНОСТ ОД КОРОНАВИРУС ВО ЕВРОПА

/

Шведска, која се определи за поблаги мерки во борбата против коронавирусот, во однос на сите други европски земји, во изминатите седум дена има најголем број смртни случаи по глава на жител, објави доцна синоќа „Ројтерс“.

Земјата одлучи да ги остави училиштата, рестораните и продавниците отворени за време на пандемијата, и додека бројот на смртни случаи низ Европа опаѓа, Шведска забележа 6,25 смртни случаи на милиони жители во периодот од 12 до 19 мај.

Како што пренесува „Ројтерс“ тоа е највисока стапка на смртност во Европа, повисока отколку во Велика Британија, која имаше 5,75 смртни случаи на милиони жители тој период.



Во Шведска се потврдени 31.523 случаи на коронавирус, 3.831 смртен случај и 4.971 излекувани/Макфакс.



Претходна статија

ПОЖАРНИКАРИТЕ- ХЕРОИТЕ НА ГРАДОТ

Следна статија

БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ И ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ВО ИТАЛИЈА ОПАЃА

Најново од Вести