ВМРО-ДПМНЕ: ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГО ПОЧУВСТВУВАА „ЖИВОТОТ“ КОЈ ГО ВЕТУВАШЕ И ДОНЕСЕ СДСМ
СДСМ преку своите бледи соопштенија се обидуваат да ги манипулираат граѓаните, дека во Македонија тече мед и млеко.
Земјоделците го почувствуваа „Животот“ кој го ветуваше и донесе СДСМ. Земјоделците почувствуваа што значи, нивниот труд да не биде вреднуван од Владата, откупните цени да бидат ниски и да немаат пласман за своите производи.
СДСМ за овие две години создаде енормен хаос во земјоделието. Субвенциите се намалени, исплатата доцни, а откуп нема.
Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега по избори ништо од тоа да не е случај.
СДСМ го уништи земјоделието за овие две години, затоа СДСМ ќе биде казнет, се вели во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

