|

МНР на Бугарија за изчезнатиот Бугарин во Охридското езеро: Потрагата продолжува

Надлежните органи во Република Северна Македонија ја продолжуваат потрагата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Бугарија (МНР) за БТА, во врска со случајот на исчезнатиот бугарски државјанин во Охридското Езеро.

Во моментот нема пристигнато официјална информација ниту во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, ниту во бугарската амбасада во Скопје, посочуваат од МНР по повод информациите во медиумите за наводно пронајдено тело на бугарски државјанин. Дипломатските и конзуларните претставништва на Бугарија се во постојан контакт со локалните власти и внимателно го следат развојот на случајот.

Полицијата во Охрид денес ги демантираше информациите дека е пронајдено телото на исчезнатиот.

„Сѐ уште се води како исчезнат. Во текот на денешниот ден ќе бидат преземени конкретни активности за негово пронаоѓање“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Охрид, Стефан Димоски, за порталот „Либертас“.

Бугарскиот државјанин, на возраст од 52 години, исчезна вчера напладне при нуркање во езерото, во дел со длабочина од околу 89 метри.



Слични Објави