Калас свикува итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ поради преговорите САД–Русија за Украина
Врховната претставничка на Европската унија за надворешна политика, Кaja Калас, свика итен онлајн состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки во понеделник, 11 август, јавува БГНЕС. Таа истакна дека секој договор меѓу САД и Русија за прекин на војната во Украина мора задолжително да ја вклучи и Украина, како и Европската унија.
Претседателите на Русија и САД – Владимир Путин и Доналд Трамп – ќе се сретнат во американската држава Алјаска во петок, 15 август, со цел да се обидат да стават крај на тригодишниот конфликт. Европските лидери инсистираат Киев да биде директна страна во преговорите.
„Претседателот Трамп е во право дека Русија мора да ја прекине својата војна против Украина. САД имаат сила да ја натераат Русија сериозно да преговара. Секој договор меѓу САД и Русија мора да ја вклучи и Украина и ЕУ, затоа што тоа е прашање на безбедност и за Украина и за цела Европа,“ изјави Калас.
Таа потсети дека, според меѓународното право, сите привремено окупирани територии припаѓаат на Украина и предупреди дека евентуалниот договор не смее да стане „трамплин за нова руска агресија против Украина, трансатлантскиот сојуз и Европа“.
