ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ НАГРАДИ

//

Одборотзадоделувањенагради на Општина Кочани гообјавијавниотповикзадоставување предлози за доделување Награда за значајни остварувања за развојот на општината и Награда за животно дело.

Според повикот, Наградата за значајни остварувања за развојот на општина Кочани се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Наградата за животно дело се доделува за постигнати исклучителни разултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оцена на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.

На 11. седница, Советот на Општина Кочани донесе одлука со која Наградата за значајни остварувања, која беше парична, во висина од пет просечни плати во Република Македонија, да биде во форма на плакета која претставува стилизирана изработка на оризова ракатка во изведба бело злато на темно црвена кадифена основа, на А-3 формат.



Јавниот повик е отворен до 30 јуни.

Одлуката за добитници на општинските награди ја донесува Одборот, кој од 30 мај е со нов состав во кој влегуваат: градоначалникот Николчо Илијев, членовите на Советот Емилија Серафимова, Ѓорѓи Алексов и Кирил Ѓеоргиев и тројца афирмирани граѓани: Вита Ковачева, Кристина Атанасова Арсова и Славчо Ивановски. Претседателка на Одборот е Емилија Серафимова.

Наградите се доделуваат на свечената седница на Советот на Општината, по повод Петровден, Празникот на Кочани.



Претходна статија

ТЕСТ: ДАЛИ ГЛЕДАТЕ РАЗЛИКА?

Следна статија

ГАЛЕРИЈА: ОВА НА ПРВ ПОГЛЕД Е СТАР И ОБИЧЕН ФУРГОН, НО АКО ПОГЛЕДНЕТЕ ВНАТРЕ ЌЕ ОСТАНЕТЕ БЕЗ ЗБОРОВИ

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи