Од залутани куршуми повредено момче и оштетена шофершајбна

/

МВР соопшти дека вчера се забележани два инцидента од залутани куршуми – едниот во Кондово каде е повредено момче, а другиот во село Љубин каде е оштетена шофершајбна на возило „шкода октавија“.

-На 16.08.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен А.Р. (28) од село Кондово. Според пријавеното тој со повредата се здобил од залутано зрно во неговиот двор во село Кондово. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведува МВР во денешниот билтен.

Во 21.30 часот, пак, како што се додава во билтенот, Е.Б.(50) од село Љубин пријавил дека пред неговиот дом од залутано зрно била оштетена шофершајбната од возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.





Претходна статија

Запленети 250 килограми дрога вредна 800.000 евра, приведени пет лица

Следна статија

(Видео) Проф. д-р Иван Илчев: Вистинските спорни прашања во комисијата,ќе се појават, кога ќе се разгледува периодот XIX и XX век

Најново од Вести