|

МЗ: НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА ДОСЕГА, ЗА ЖАЛ 4 ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАА

Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие има и четворица починати.

Од оздравените во Скопје се 13, Куманово -74, Штип -1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар-1.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Министерството информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Со ова вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.



Слични Објави