(Видео) Проф. д-р Иван Илчев: Вистинските спорни прашања во комисијата,ќе се појават, кога ќе се разгледува периодот XIX и XX век

//

Не би рекол дека можеме да зборуваме за пробив – тоа се настани од 2019 година кои сега добиваат политички израз. Го постигнавме тоа што го сакавме и за Самоил, и за Климент, и за Наум, и за Кирил и Методиј. Тоа одговара на историската вистина – вака бугарскиот историчар проф. д-р Иван Илчев ја коментира веста дека е постигнат договор со македонските историчари за царот Самоил.

„Жал ми е за проф. Драги Ѓорѓиев, тој е многу добар научник и одлично се справува со конфликтите во нивниот дел од комисијата. Му дадоа задача да го претстави политичкиот дел пред македонската јавност, а македонските политичари не објаснија зошто дури сега во 2022 година, се објавуваат одлуки донесени во 2019 година“, коментира Илчев за БНТ.

„Ве молам немојте да имате претерани очекувања – една работа е формулацијата, сосема друго ќе биде она што ќе влезе во македонските учебници“, предупреди професорот. Колегите се запнаа дека славењето на историските личности е едно, а учебниците друго. Договореното ќе влезе во учебниците, но кога и како е друга работа, рече професорот. Тој посочи дека и властите во Северна Македонија се во тешка ситуација, бидејќи, ако направат директен обид за промена, веднаш ќе се судрат со силна опозиција.

Професорот истакна дека до сега Скопје официјално нема објавено извештаи за работата на мешовитата историска комисија, ниту пак се објавени записниците. Меѓутоа, многу е важно тоа, вели Илчев, што во Северна Македонија за Самоил ќе се зборува како за бугарски цар.



Според професорот Илчев вистинските спорови во мешовитата комисија ќе се појават, кога ќе се разгледува периодот на Преродбата во XIX век и периодот до средината на XX век.



Претходна статија

Од залутани куршуми повредено момче и оштетена шофершајбна

Следна статија

Групна изложба на уметници од Бугарија, РС Македонија, Србија и Украина во Ќустендил

Најново од Вести