РЕЧИСИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ДРЖАВАТА ГОДИШНО ПЛАЌА ЗА ДИЈАЛИЗА НА БОЛНИТЕ ОД ИСТОЧНИОТ РЕГИОН
ечиси 2 милиони евра државата годишно им исплаќа на фирмите за спроведување на дијализа на лицата со бубрежни проблеми во Источниот регион. Во трите центри, Штип, Кочани и Делчево има околу 150 хронично болни лица кои од дијализа имаат потреба на дневна или седмична динамика.
„Моментално имаме 40 пациенти,а имаме капацитет за 60 пациенти.Тие доаѓаат во две смени,прва и втора,односно понеделник,среда и петок и вторник,четврток и сабота.Имаме пациенти на средна возраст,но имаме и млади пациенти“,изјави д-р Марија Трајкова Петковска, центар за дијализа – Штип
Дијализата, односно хемодијализата за овие лица е од животно значење па оттука и грижата на државата.
„Хемодијализата за болните со терминално бубрежно заболување претставува значаен сегмент од нивниот живот,всушност таа претставува ренална субституција за пациентите кај кои бубрежната функција е откажана.Без хемодијализа тие не би имале можност за нормално секојдневие.Таа им овозможува услови за квалитетен живот и нормално секојдневно функционирање“,изјави д-р Марија Трајкова Петковска, центар за дијализа – Штип
Вака потребната дијализа има и своја цена и тоа многу висока. Имено, во просек, државата за секој дијализен третман годишно издвојува по околу 13 000 евра. Во овој пакет влегуваат и постојаните испитувања, патните трошоци и сл. Со оглед дека повеќето од нив се во тешка состојба во меѓувреме тие речиси сите се и пензионирани.
Поради полесен живот но и заштеда на многу пари, во развиените земји здравствените фондови организираат трансплантација на бубрези која се плаќа еднократно. Кај нас , на пример, трансплантација на бубрег чини од 15-18 000 евра што е речиси еднакво на едногодишен трошок за хемодијализа.
Проблемот е што не можат да се најдат донори, односно неорганизираноста и несоодветниот став на семејствата на потенцијалните и ненадејните донори.
Извор: ТВ Стар

