Ученици од Бугарија и РС Македонија повикуваат за единство со изложба во бугарскиот Парламент

//

Настанот е дел од социјално-информационата кампања на фондацијата „Бугарска памет“ насловена „Од двете страни на границата“.


Изложба посветена на добрососедството меѓу Бугарија и РС Македонија е отворена денеска во бугарскиот Парламент. Експозицијата го носи насловот „Од двете страни на границата“ и е дел од новата социјално-информационата кампања на фондацијата „Бугарска памет“, а автори на цртежите се младинци од двете земји.
Преку своите цртежи учениците го покажуваат својот поглед за тоа какви треба да бидат односите помеѓу Бугарија и РС Македонија.

„Мојот цртеж прикажува две раце со знамињата на Бугарија и Македонија коишто се соединуваат во формата на срце. Тоа го симболизира соединувањето и љубовта на двете земји една кон друга. Децата кои што си играат внатре во срцето покажуваат дека и покрај границата која што не дели ние можеме да бидеме пријатели“, вели Магдалена од Бугарија.

Ана Полизовска од РС Македонија споделува дека во својот цртеж го покажува дружењето меѓу младинци на различна возраст, пол и национална припадност, за да покаже дека пред предрасудите стои пријателството и тоа е најважно.

Специјален гостин на изложбата беше д-р Милен Врабевски, основач и претседател на фондацијата „Бугарска памет“.
Бизнисменот го финансираше пет дневниот престој на децата во Копривштица и Софија и повторно беше домаќин на средба на ученици од двете страни на границата во Бугарија.



„Среќен сум што имам можност да ви ги претставам овие млади луѓе затоа што тие го отсликуваат моделот на работа на фондацијата „Бугарска памет“ веќе 16 години- умни, будни деца, од двете страни на границата со заеднички мечти, интереси и љубопитност кон светот. На нашите настани гледам како тие комуницираат, како се дружат, како учат заедно и како создаваат пријателства. Тоа е бесценето и секоја инвестиција е исплатлива кога е во корист на такви прекрасни деца“, изјави д-р Варабевски.

Социјално-информационата кампања на фондацијата „Бугарска памет“, „Од двете страни на границата“, има за цел да го насочи вниманието на општеството кон неопходноста од ангажирана државна политика во насока на добрососедството и пријателството меѓу државите. Да покаже исто така дека одамна е дојдено времето за дипломатија, единство и пријателство меѓу братските земји во името на светлата иднина, на младата генерација и во името на заедничката историја, корени и култура.



Претходна статија

Просечната нето плата во септември изнесувала 32.553 денари

Следна статија

Тројца прилепчани запалиле возило со бугарски таблици

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,