Петти национален литературен конкурс „АЛБЕНА“ во организација на Фондацијата „Бугарска памет“

/

Кметството на бугарското село Врабево заедно со читалиштето „Христо Ботев – 1911“ и Фондацијата Бугарска памет, со помош на општина Тројан и Сојузот на бугарските писатели, го распишуваат Петтиот национален конкурс за расказ за пресоздавање женски лик во драмски заплет.

На конкурсот со еден расказ можат да учествуваат автори над 18 години, кои пишуваат на бугарски јазик, потврдувајќи го авторството на пристигнатите материјали со нивните три имиња, година на раѓање, живеалиште и телефонски број.

Задолжително е конкурсните трудови да не се однапред објавени, да не надминуваат четири страници во формат А4, големина 14, и да се со фонт Times New Roman. Творбите се испраќаат на е-маил адресата konkurs.albena@abv.bg. од 1 декември 2022 година до 24 мај 2023 година.

Жирито во состав проф. Ивајло Христов, проф. Аксинија Џурова, писателите Владо Даверов, Павел Боржуков и Марин Костовски – драматург ќе избере пет лауреати на конкурсот, на кои, ќе им бидат доделени плакети. Наградниот фонд на конкурсот изнесува 1500 евра.

Наградените раскази на конкурсот ќе бидат објавени во петтото издание на „Антологија Албена“.



Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во неделата од 5 до 10 јуни 2023 година, на веб-страниците на кметство Врабево, Фондацијата Бугарска памет, во „Словото Днес“ како и во други литературни публикации.



Претходна статија

Грција ги привлекува дигиталните номади

Следна статија

Поскапеа услугите и производите во Катастар, некои за 300 проценти

Најново од Вести