ПРОТЕСТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА
Членови на Гранковиот независен синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судска полиција утрово, од 7 до 9 часот, ја организираа втората блокада на сообраќајот на регионалнот патен правец Велес – Штип. Блокадата e дел од нивниот протест преку кој ги искажуваат револтот од најавеното покачување на платата од 5% и барањата за подостоинствен живот и услови за работа, објави порталот Дума.
Исто така се бара и потпишување на Колективен договор кој ќе ги опфати вработените во шумската полиција и затворската полиција, подобри услови за работа и за живот како и владеење на правото во државните институции.
Протестот што утрово се одржа на регионалниот пат Велес- Штип создаде долги колони од возила и камиони. Тој траеше три часа за подоцна, како што најавија, синдикалците да заминат за Скопје на Генерален протест закажан пред Јавниот радиодифузен сервис